Дома Топ вести Зидан: Среќен сум што се вратив дома, Роналдо е минато

Зидан: Среќен сум што се вратив дома, Роналдо е минато

zidane

Реал Мадрид денес го врати Зинедин Зидан на клупата после само девет месеци.

Јулијен Лопетеги и Сантијаго Солари се покажаа како погрешни решенија, па Перез се одлучи да го врати Зидан во клубот. Французинот стави потпис на договор до јуни 2022 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Помеѓу навивачите владее вистинска еуфорија поради враќањето на Зидан, а не може да биде поинаку бидејќи овој човек им донесе три титули во низа во Лигата на шампионите.

Зидан искажа големо задоволство од враќањето во клубот.

„Среќен сум што се вратив дома. Започнуваме со работа уште од утре. Перез ми се јави и веднаш го прифатив повикот. Не бев тука овој период, но се чуствувам како никогаш да не сум заминал“, започна Зидан и продолжи:

„Кога имате успех нормално е да бидете подржуван и сакан. Додека гледав од страна воопшто не бев среќен. Едноставно не можев да му кажам „не“ на Перез. Роналдо е минато и не треба да мислиме на него, треба да гледаме напред“.

Зизу си пронајде и грешки во работата во Мадрид.

„Минатата година ја освоивме Лигата на шампионите. Но јас не заборавам дека не го освоивме шпанскиот куп. И јас правев грешки“, порача Зидан.

Оваа сезона тешко може да биде поправена, но јасно е дека од Зидан ќе се очекува многу веќе во наредната.

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…