Дома Фудбал Зидан сигурен во своите одлуки: Нема ништо да менувам!

Зидан сигурен во своите одлуки: Нема ништо да менувам!

zidane

Реал Мадрид денес одигра само 1:1 на домашен терен против тимот на Леванте, но Французинот и понатаму верува во своите одлуки и тврди дека ништо нема да менува.

После ремито против Валенсија, бод од „Бернабеу“ однесе и Леванте, но Зидан не е загрижен.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


„Ротации? Ништо нема да менувам, сите паметни после еден или два лоши резултати. Јас сум тој кој ги носи одлуките и немам намера да ја менувам формацијата поради еден лош резултат. Цврсто верувам во она што го работам. Секако дека треба да се подобриме, знаеме колкави ни се можностите. Присуството на Роналдо секако е важно за нас, посебно кога немаме многу опции. Но, мораме да победуваме и без него“, изјави Зидан.

Реал после три кола има пет освоени бодови, па Барселона во случај на победа вечерва против Еспањол би можела да побегне на +4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…