Дома Топ вести Зидан: Се надевам дека BBC ќе остане, но…

Зидан: Се надевам дека BBC ќе остане, но…

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека сака да го задржи напаѓачкото трио Роналдо, Бејл, Бензема, но нагласи дека сепак конечната одлука не е негова.

Бензема, Бејл и Роналдо, кои популарно се познати како триотот „BBC“ беа едни од најзаслужните за одбраната на титулата на Реал во лигата на шампиони.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Меѓутоа во последно време медиумите шпекулираат дека „кралскиот“ клуб сака да го донесе Килијан Мбапе, а тоа ќе значи дека еден од споменатите тројца треба да си замине ова лето.

„Се надевам дека триото BBC ќе остане, но јас не сум тој кој се прашува за тоа“, исткна Зизу.

Роналдо пред неколку дека изјави дека сигурно останува, Бензема наскоро ќе потпише нов договор, па медиумите шпекулираат дека Бејл може да биде тој кој ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Му пропадна трансферот во Ливерпул, а сега им рече на своите советници „Повеќе би сакал во Реал Мадрид“.

Летниот трансфер период кој заврши зад нас беше исклучително интересен и се остварија мног…