Алавес – Реал од 16:15 играат во шестото коло од Ла Лига. Натпреварот на клубот кој до сега нема ниту бод ниту гол, против актуелниот шампион на Шпанија, Европа и светот, не би била особено интересна да немаше еден дуел.
Енцо Зидан (22), играчот за врска на Алавес и најстариот син на Зидан, ќе игра против таткото, односно против клубот кој го води неговиот татко. Енцо во Реал го помина речиси целиот живот, дури 14 години, но откако ги помина сите категории, виде дека не може да се пробие ниту преку непотизам, па без оштета си замина понатаму.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Летово потпиша за Алавес и до сега настапи против Барселона, што беше негово деби, и против Селта. Останатите синови на Зидан исто така се фудбалери: Лука е трет голман на Реал, Тео е во кадетите, а Елијаз во најмладата категорија на Реал.