Дома Фудбал Зидан открива што му е потребно на Реал

Зидан открива што му е потребно на Реал

Екипата на Реал Мадрид, пред неколку дена го продаде во Челси, Алваро Мората за околу 58 милиони фунти плус бонуси.

Кралскиот тим на тој начин остана без резервен напаѓач од кој се уште може да се очекува погодок кога жќе влезе во игра, а тренерот Зидан е свесен дека на тимот му е потребен напаѓач.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Останавме без неколку многу добри играчи во овој преоден рок, но пристигнаа и некои добри млади играчи. Ние секогаш се обидуваме екипата да ја направиме подобра. Алвари замина и сега ни недостасува напаѓач. Видовме што се тој може да стори изминатата година, играше многу добро и значеше во тимот. Мораме нешто да сториме по тоа прашање“, истакна Зидан.

Да потсетиме Реал во последно време се поврзува со трансфер на Мбапе од редовите на Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симонс ќе игра против Баерн Минхен, па го прави трансферот на кариерата

Доколку не дојде до пресврт, планот е Чави Симонс да ја започне средбата за РБ Лајпциг про…