Дома Фудбал Зидан објасни зошто Хамес денеска не тренираше

Зидан објасни зошто Хамес денеска не тренираше

Фудбалерите на Реал Мадрид утре гостуваат во Виго во рамките на заостанатиот натпревар од 21. коло од шпанската Ла Лига.

На „Кралскиот“ клуб му треба победа во утрешниот натпревар за да дојде на чекор до титулата. Но, утрешниот натпревар најверојатно ќе го пропушти Хамес Родригез кој се наоѓа на излезните врати од „Сантијаго Бернабеу“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Колумбиецот минатиот викенд на натпреварот против Севиља доби овации од навивачите и сето тоа изгледаше како да беше последен натрпевар за него во Реал. Дека има нешто во тоа најдобро говори фактот дека Хамес го пропушти денешниот тренинг на Реал, и дека најверојатно ќе го пропушти утрешниот натпревар. Но, Зинедин Зидан не сака да говори за неговото заминување, па откри зошто Колумбиецот не тренираше денеска.
„Не треба да зборувате кој си заминува од клубот, тој се уште е играч на Реал Мадрид. Денеска не тренираше бидејќи доби удар на натпреварот против Севиља и не сакавме да ризикуваме. Во моментов размислуваме само на последните три натпревари во сезоната во кој се ќе се одлучи“, изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА го суспендираше Емилијано Мартинез

Светската фудбалска организација, ФИФА го суспендираше аргентинскиот голман Емилијано Март…