Дома Топ вести Зидан нуди две ѕвезди за потписот на Дибала

Зидан нуди две ѕвезди за потписот на Дибала

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала е во трансфер списокот на Реал Мадрид, пренесуваат италијанските медиуми.

Аргентинецот преговара со раководството на „бјанконерите“ за продолжување на соработката до 2025 година, а „кралевите“ внимателно ја следат ситуацијата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Дибала во последните неколку години покажа дека е еден од најдобрите напаѓачи во Европа, па Реал сака да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.

Јувентус е спремен да го продаде Дибала ако пристигне добра понуда, а Реал е спремен да понуди двајца фудбалери за неговиот потпис.

Имено, весникот „АС“ тврди дека Зидан е спремен во Торино да ги испрати Иско и Винисиус за да го добие потписот на Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…