Бившиот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан нема да седне на кормилото на Манчестер Јунајтед дури и да добие понуда од „црвените ѓаволи“.




Според информациите од „Мундо Депортиво“ Зидан сака да направи пауза во кариерата и да се одмори од фудбалот, па е спремен да ја одбие понудата од Манчестер Јунајтед.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Весникот тврди дека Зидан би ги променил плановите единствено ако добие понуда од Пари Сент Жермен или од француската репрезентација.




Како што е познато Манчестер Јунајтед сериозно размислува да му врачи отказ на Солскјер после срамниот пораз од Ливерпул.




Прва кандидат за негов наследник е Антонио Конте, а италијанските медиуми пренесуваат дека преговорите веќе започнале.