Дома Фудбал Зидан: Навикнати сме на притисок, воопшто не размислувам за Лига Европа

Зидан: Навикнати сме на притисок, воопшто не размислувам за Лига Европа

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан воопшто не сакаше да зборува за можноста „кралевите“ да бидат елиминирани од Лигата на шампиони.

Утре Реал Мадрид ја пречекува Борусија Мехенгладбах во последното коло од ЛШ и во одредена ситуација потребно им е и реми на „кралевите“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Воопшто не мислам на Лига Европа, туку само како да се пласираме во следната фаза. Се подготвуваме за голем натпревар, знаеме дека ќе биде тешко. Позитивен сум и мислам само на победа, не не интересира реми, само трите бода“, истакна Зидан.

„Овој меч е шанса да покажеме дека сме силен тим. Сите во клубот сме навикнати на притисок. Знаеме за што играме и треба да ги совладаме емоциите и да победиме бидејќи го сакаме првото место во групата“, додаде Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ ги воодушевил сите во Милано, „росонерите“ веќе донеле одлука!

Лука Модриќ (40) брзо ги освои срцата на фановите на Милан и ги натера италијанските медиу…