Дома Фудбал Зидан лут на судиите: Не ја разбирам нивната одлука

Зидан лут на судиите: Не ја разбирам нивната одлука

Tренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е лут на судиските одлуки во натпреварот против Севиља кој заврши без победник 2:2.

Со победа Реал ќе избиеше на првото место на табелата, но избраниците на Зидан не дојдоа до истата и во последните моменти од натпреварот се спасуваа од пораз.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не ја разбирам одлуката на судијата во врска со пеналот. Ако имаше рака од Милитао имаше рака и од играчот на Севиља. Не сум воопшто убеден во тоа што ми го кажа после натпреварот. Ретко зборувам за судиите, но денес сум навистина лут. Мојот тим заслужи повеќе, во второто полувреме одигравме одлично. Ние сигурно нема да се откажеме, ќе се бориме до последната секунда од сезоната“, порача Зидан.

На три кола пред крајот Реал и Барселона имаат по 75 освоени бодови, Атлетико е лидер со 77 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат новиот тренер на Челси ако Мареска добие отказ

Енцо Мареска е на прагот да го напушти Челси како главен тренер поради нарушување на однос…