Герет Бејл во претходните месеци помина скоро се што можеше во Реал Мадрид, од неиграње па до еден од најстандардните играчи во екипата на Зидан.
Бејл беше отпишан на крајот на минатата сезона и сите беа сигурни дека ги напушта „кралевите“, но на големо изненадување тој остана на „Сантијаго Бернабеу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зидан дури и јавно зборуваше дека за Бејл нема место во Реал, а потоа кога сезоната започна Велшанецот беше неизоставен дел од првата постава.
Но, на скандалите кога е Бејл во прашање им нема крај. Имено, тој не беше во конкуренција за настап против Клуб Бриж. Зидан после натпреварот изјави дека Бејл бил повреден и дека поради тоа не можел да игра.
Меѓутоа шпанските медиуми одлучија да ја истражат оваа ситуација и дојдоа до заклучок дека Зидан не ја зборувал вистината. Имено, тој го изоставил Бејл затоа што Велшанецот задоцнил на натпреварот. Бејл доцнел половина час и кога се појавил во соблекувалната Зидан му порачал да оди на трибините.
Францускиот стратег изјави после натпреварот дека Бејл имал мали провлеми со повреда, меѓутоа не ја зборувал вистината. Зидан на тој начин го казнил Бејл за доцнењето. Денес за натпреварот против Гранада Бејл е во конкуренција за настап.