Дома Топ вести Зидан и Перез се договорија: Ова се зимските трансфер цели!

Зидан и Перез се договорија: Ова се зимските трансфер цели!

Реал се спрема за јануарскиот трансферен период. Негативните резултати во последните месеци,го убедија раководсвото на клубот дека треба да биде активно на трансфер пазарот.

Според „Марка“, весник кој е близок до „кралскиот“ клуб главата цела на Реал во јануарскиот преоден рок ќе биде доведување на голман и напаѓач, а не е исклучена можноста и за дефанзивец.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Кога станува збор за напаѓач главна цел е Мауро Икарди од Интер кој има откупна клаузула од 110 милиони евра, како и германскиот репрезентативец Тимо Вернер.

Голманот на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага готово сигурно ќе пристигне на „Сантиаго Бернабеу“. Неговиот договор со клубот од Баскија завршува на крајот на сезоната, но Реал е спремен да ја плати откупната клаузула од 20 милиони евра и да го донесе во јануари.

Исто така „Марка“ тврди дека не се исклучува можноста да биде доведен и еден дефанзивец во зимскиот преоден рок поради малиот број на играчи од дефанзивниот ред што му стојат на располагање на Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…