Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ова лето планира големи промени во тимот и веќе составил листа од седум фудбалери кои ќе го напуштат „Сантиаго Бернабеу“.
„АС“ пишува дека прв на листата со жртви е Герет Бејл, кој има лош однос со тренерот и луѓето во клубот, а уште на списокот се наоѓаат и Хамес Родригез, Лукас Васкез, Маријано Дијаз, Алваро Одриозола, Лука Јовиќ и Начо Фернандез.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Зидан планира од нивните трансфери да заработи најмалку 120 милиони евра кои ќе бидат реинвестирани на трансфер пазарот.
Најблиску до заминување од „Сантиаго Бернабеу“ е Лука Јовиќ, кој е во напредни преговори со Милан за трансфер на „Сан Сиро“.