Дома Фудбал Зидан има огромни проблеми: Само четворица фудбалери не биле отсутни сезонава

Зидан има огромни проблеми: Само четворица фудбалери не биле отсутни сезонава

Во средата тешка повреда кај Реал заработи 19 годишниот бразилски напаѓач Родриго.

Бразилецот беше изнесен на носилки во 35. минута од натпреварот. Шампионот на Шпанија подоцна преку соопштение објави дека станува збор за повреда на бутниот мускул. Ова значи дека Родриго ќе пропушти дури 21 натпревар.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сезонава Зидан има навистина големи проблеми што поради повреди, што поради коронавирусот. Имено, само четворица играчи на Зидан му биле на располагање во сите натпревари.

Двајцата голмани, Куртоа и Лунин, Менди и Варан биле фудбалерите кои немаа корона и не се повредија. Сите останати играчи на Реал во одреден период беа надвор од терените. Позитивни на коронавирус беа Маријано Диаз, Касемиро, Јовиќ и Милитао.

Во новата година Реал првиот натпревар го игра против Елче на гости.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Традицијата е против Рашфорд: Покажува дека нема да успее во Барса, еве и зошто!

Барселона ова лето го доведе Маркус Рашфорд на едногодишна позајмица од Манчестер Јунајтед…