Интересни информации пристигнуваат од медиумот со седиште во главниот главниот град.
Таблоидот „Диарио Гол“ пренесува информација според која Лука Модриќ наредната година би можел да се врати во Англија или да им се придружи на своите сонародници Брозовиќ и Перишиќ во Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот Зинедин Зидан, според споменатиот медиум дресот со негов број го ветил на Еден Азар кој сака да го доведе во Реал Мадрид, па поради тоа Модриќ би можел да се најде на излезни врати од клубот.
Шпанските медиуми тврдат дека ова е прв чекор кон подмалдување на тимот на „кралевите“ и дека во наредните неколку години би требало клубот да го напуштат играчите кои на Реал му помогнаа да стигне до две титули во низа во Лигата на шампионите.
Помеѓу нив е и Модриќ за кого најголем интерес покажа неговиот поранешен клуб Тотенхем, но и Манчестер Јунајтед со Мурињо кој е голем фан на играта на Хрватот, но тука е и Интер кој според некои информации веќе воспоставил контакт со менаџерите на фудбалерите.