Дома Фудбал Останато Зидан: Бензема треба да ја освои „Златната топка“

Зидан: Бензема треба да ја освои „Златната топка“

Добитникот на Златната топка, наградата за најдобар фудбалер во светот ќе го дознаеме на 29. ноември.

„Франс Фудбал“ кој ја доделува оваа награда го соопшти списокот на 30 фудбалери кои ќе се борат за оваа награда, а помеѓу нив е и Карим Бензема. Голем дел од јавноста смета и дека Бензема ја заслужува оваа награда, такво мислење има и Зинедин Зидан.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


„Бензема оваа година ја заслужува Златната топка. Тој е неверојатен фудбалер. На теренот може да направи се. Имав голема чест да го тренирам. Се надевам дека ќе ја добие оваа награда“, изјави Зидан.

Францускиот напаѓач со години беше во сенка на Кристиано Роналдо, а наградата пред него ја доби и Лука Модриќ ќе видиме дали оваа година конечно го дочека својот ред да биде награден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ВИДЕО Педри, Јамал, Черки – Голови кои ги нарекоа „неверојатен“, „невиден“ и „најдобар“

Шпанија успеа да ја совлада Франција во полуфиналето на Лигата на нации со резултат 5:4 во…