Дома Топ вести „Земјотрес“ на Апенините: Донарума се сели во најголемиот ривал на Милан

„Земјотрес“ на Апенините: Донарума се сели во најголемиот ривал на Милан

Иднината на Џанлуиџи Донарума е главна тема на Апенините, а тамошните медиуми пренесуваат дека младиот голман може да го напушти Милан.

Како што е познато, неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а двете страни никако не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Агентот Мино Раиола ја одбил последната понуда на „росонерите“ од 8 милиони евра и бара 10 милиони евра плус бонуси и провизија за посредување за него како агент.

Таквите услови не се прифатливи за Милан, но се прифатливи за Јувентус, кој е спремен да го задроволи финансиските барања на Донарума и неговиот агент.

Доколку се реализира овој трансфер тоа сигурно ќе биде големо предавство бидејќи Јувентус е најголем ривал на „росонерите“.

Донарума потекнува од младинската школа на Милан, каде дебитираше за првиот тим на свои 16 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…