Пред неколку дена на големо изненадување Јувентус објави дека се разделува со Бепе Марота, еден од најдобрите спортски директори во Европа.
И додека се уште се зборува за вистинските причини поради кои настанало несогласувањето помеѓу претседателот Ањели и Марота, на Апенините се појави информација дека директорот би можел да седне на фотељата на најголемиот ривал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тутоспорт“, кој секогаш е добро информиран за случувањата во Јувентус, тврди дека Марота наско ќе се пресели во редовите на Интер.
Наводно оперативците на Интер веќе имале разговор со Марота и тој потврдил дека е спремен да седна на фотељата на миланскиот гигант. Него му се допаднал проектот на „нероаѕурите“, па дури и постигнале начелен договор со сопственикот Стивен Жанг.
Марота пристигна во Јувентус во 2011 година, кога „бјанконерите“ беа во лоша положба и за осум години го трансфермираше клубот во еден од најмоќните во Европа.
Поради тоа Марота е на мета на многу европски гиганти, но најверојатно ќе остане во Италија и ќе седне на фотељата на најголемиот ривал на „бјанконерите“.
L'#Inter su #Marotta ⬇️ https://t.co/vwgegh3RmR
— Tuttosport (@tuttosport) October 3, 2018