Репрезентацијата на Казахстан ќе биде шести противник на Македонија во квалификациите за Европското првенство до 21 година.
Првиот натпревар во Скопје иако Македонија имаше повеќе прилики заврши без победник (1:1).
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пред овој натпревар за медиумите зборуваше еден од најдобрите во младинската репрезентација на Македонија, Давор Здравковски.
“Одигравме добри натпревари, но за нас е важен и клучен секој натпревар затоа што времето е кратко и мора да сме спремни на секој натпревар целта да ни биде три бода. Може да очекуваме мотивирана Македонија, тука сме да го дадеме максимумот за овој дрес што го носиме и ништо друго. Клучна може да биде заедништвото помеѓу нас, мислам дека тоа може да биде нашата најдобра страна“, изјави Здравковски.
Натпреварот помеѓу Казахстан и Македонија се игра во четврток од 13:00 часот.