Eден од оние кои се воодушевени од доминацијата на Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал е Германецот, Александар Зверев.
Откако Надал го освои УС Опен победувајќи го Медведев во големото финале се дојде до бројка големата тројка да има освоени 54 Грен слем титули од последните 64 и тоа се неверојатни 84%.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зверев смета дека тоа е лудо и дека тенискиот свет можеби никогаш повторно нема да види нешто слично.
„Ова е лудо. Можеби никогаш нема да доживееме нешто слично. Тие се посебни играчи бидејќи играат најдобро во најтешките и најважните моменти. Надал и Федерер во такви случаи стануваат непобедливи, неверојатно е и што се може Ѓоковиќ“, изјави Зверев.
Инаку Федерер досега има 20 освоени Грен Слем титули, Надал една помалку, Ѓоковиќ четири помалку.