Дома Останати Тенис Зверев: Никој не може да се споредува со Ѓоковиќ

Зверев: Никој не може да се споредува со Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ после три ипол часа голема борба го победи Александар Зверев во полуфиналето на УС Опен, а после мечот Германецот му се поклони на најдобриот во светот.

За Зверев никој не може да се споредува со Ѓоковиќ.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Тој ги руши сите рекорди кои постојат. Ако ја погледнете статистиката и играта, тој е најголем на сите времиња. Никој не може да се споредува со него. Најмногу недели е на првото место, најмногу Мастерси, наскоро сигурно и најмногу Грен слемови“, изјави Зверев кој е четврти тенисер во светот.

Германецот верува дека Ѓоковиќ ќе стигне и до титулата преку Русинот Данил Медведев, вториот носител на АТП листата. Со тоа Ѓоковиќ ќе стане еден од тројцата тенисери кои во иста година ги освоија сите Грен Слемови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Арине Сабаленка повторно издоминира во заводливо издание и го „освои“ ТикТок (Видео)

Најдобрата тенисерка на светот, Арине Сабаленка, допатува во Мајами каде што целта ѝ е да …