Дома Останати Кошарка Звезда до победа против Уникаха, Антиќ немаше своја вечер

Звезда до победа против Уникаха, Антиќ немаше своја вечер

Кошаркарите на Црвена Звезда ја совладаа Уникаха со резултат 80:76 во неизвесна завршница во рамките од 24 коло во Евролигата.

За Звезда ова беше важна победа, но самиот резултат говори за тоа колку тешко стигнаа до победата.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Сега кошаркарите на Звезда се изеданчија со шпанскиот тим со 10 победи и 14 порази. Натпреварот започна подобро за домаќинот кој поведе со 11:6, на крајот на првата четвртина беше 24:24.

До одењето на одмор Звезда успеа да стигне до три поени предност (40:37), потоа стигнаа и до плус 10 кон крајот на третата четвртина, но Уникаха се врати во завршницата, сепак Звезда на крајот славеше победа со четири поени разлика.

Тејлор Рочести со 21 поен ги предводеше домаќините, 13 уфрли Мило Бјелица, а 11 Џејмс Фелдин. Перо Антиќ на паркетот помина околу 18 минути, не се запиша во листата на стрелци, запиша само два скока и една асистенција, покрај тоа имаше шут 0/3 од зад линијата за три поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Удар врз династијата Џејмс: Брони се враќа во развојната лига

Брони Џејмс, играч на Лос Анџелес Лејкерс и син на Леброн Џејмс, е испратен во Саут Беј Ле…