Дома Топ вести Звездата од Бундеслигата води преговори со седум топ-клубови!

Звездата од Бундеслигата води преговори со седум топ-клубови!

Младата ѕвезда на Баер Леверкузен, Кај Хавертц води преговори со седум од најголемите клубови во Европа, пренесуваат германските медиуми.

Неговиот агент за „Билд“ откри дека е во контакт со седум клубови и тоа: Баерн Минхен, Барселона, Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер Сити, Челзи и Манчестер Јунајтед.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според весникот фаворити за потписот на 20-годишниот талент се Баварците и Каталонците, но Леверкузен за неговата слобода бара 130 милиони евра.

Минатото лето „фармацевтите“ одбиле понуда од 90 милиони евра за офанзивниот фудбалер. Доколку Покетино седне на клупата на Баерн Минхен, Хавертц ќе биде трансфер цел број еден на Баварците бидејќи Аргентинецот е голем симпатизер на младиот Германец.

Хавертц има договор со Леверкузен до 2022 година, но ја игра последната сезона во клубот и сака што поскоро да донесе одлука за својот иден клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…