Дома Трансфер зона Зборуваше дека поминува низ пекол, сега може да замине: Барса ја одреди цената за Андре Гомеш

Зборуваше дека поминува низ пекол, сега може да замине: Барса ја одреди цената за Андре Гомеш

Андре Гомеш може да ја напушти Барселона каде што не се снајде најдобро.

Многу проблеми имаше Андре Гомеш во претходната година.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Не беше во милост на навивачиите, истакнуваше дека играчите не го прифатиле најдобро, на крајот и јавно побара да биде продаден.
Гомеш во Барселона пристигна пред две години, а во една ситуација истакна и дека поминува низ пекол.

Сега постои интерес од повеќе клубови, најмногу се споменуваше Јувентус кој се обидуваше да го доведе и додека беше во Валенсија.

Во медиумите во Шпанија денес се појави вест дека Барселона ја одредила цената за овој фудбалер, како и што се очекуваше таа не може да биде премногу висока (споредувајќи ги денешните цени во фудбалот) и изнесува 22 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…