Секој има право да го менува мислењето, секако, но не и да дели лекции…
Јирген Клоп во 2015 година седна на клупата на Ливерпул и дефинитивно им донесе напредок во играта, а со тоа и можност да привлекуваат светски ѕвезди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клоп сака во својот тим да доведе уште неколку фантастични играчи и да тргне во напад на трофеи, тоа е она што на навивачите на овој клуб им е најпотребно.
Навивачите се надеваат дека нема повторно да ја изговараат реченицата: „Следната сезона е наша“. Се надеваат дека токму оваа ќе биде нивна.
Голманот Алисон, пристигнува во Ливерпул и тоа за сума од 75 милиони евра што ќе биде светски рекорд кога се голманите во прашање.
Сега, да се вратиме во 2016 година и изјавата која тогаш ја даде Клоп.
„Другите клубови можат да трошат огромни суми на најдобрите играчи. Јас тоа да го правам на поинаков начин. Јас би одиграл поинаку дури и да имам можност да потрошам голема сума“, изјави Клоп.
Ова Клоп го изјави во 2016 година, а од тој момент потроши огромна сума на трансфери.
Со споменатите 75 милиони евра кои ќе бидат платени за Алисон, Клоп ќе стигне до бројката од 400 милиони евра потрошени за две години. Покрај тоа во своја сопственост би имале два рекордни трансфери, голман и дефанзивец!
Сепак, изгледа не го користел т.н друг начин како што самиот зборуваше.