Хари Кејн има желба да ги напушти редовите на Тотенхем после крајот на сезоната.
Во разговор за англиските меидуми напаѓачот потврди дека сака да го напушти клубот и дека за тоа ќе разговара со првиот човек на Спарси, Даниел Леви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе разговараме, тоа е сигурно. Се надевам дека после 16 години имаме добар однос и можеме да го искористиме за разговор.“ – рече Кејн и додаде:
„Сакам да играм во Лига на шампиони. Сакам да бидам дел од големи натпревари. Никогаш немам кажано дека засекогаш ќе останам во Спарси, но ниту сум рекол дека ќе заминам. Исто така, не сакам на крајот од кариерата за нешто жалам.“
Манчестер Сити е еден од клубовите кој сака да го донесе Кејн во своите редови. Тој не крие дека би сакал да игра со Кевин де Брујне.
„Де Брујне е посебен играч. Искрено, кога гледам какви топки додава до играчите на Сити, тоа е сон на секој напаѓач. Страшен играч, со најголемо чувство за асистенција кој некогаш сум видел.“ – рече Кејн.
Кејн во редовите на Тотенхем одигра 334 натпревари и постигна 220 погодоци.