Антонио Конте беше прогласен по трет пат за „Менаџер на месецот“ и на овој начин Италијанецот постигна рекорд во Премиер лигата.
„Сините“ беа во исклучителна форма во декември и ги освоија сите 6 натпревари во првенството, запишувајќи вкупно 13 последователни успеси во лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Конте заслужено беше прогласен за „Менаџер на месецот“,совладувајќи ги големите конкуренти за признанието Маурисио Покетино од Тотенхем и Јирген Клоп од Ливерпул.
Тоа е трета ваква награда за италијанскиот стручњак во низа што апсолутен рекорд во историјата на Премиер лигата бидејќи ниеден менаџер претходно не бил прогласен три пати по ред за најдобар во месецот. Пред декември, Конте го освои признанието за октомври и ноември бидејќи Челзи во тој период немаше ниту еден пораз во првенството.
Под водство на Конте, Челзи се наоѓа на првата позиција на табелата во Премиер лигата со 49 бода, пет повеќе од Ливерпул и седум од Тотенхем и Манчестер Сити.