Српската тенисерка Нина Стојановиќ настапуваше на Олимписките игри во Токио и заедно со Новак Ѓоковиќ требаше да играат меч за бронзен медал, но тој меч не се одигра затоа што Ѓоковиќ се откажа, па бронзата се додели на Ешли Барти и Џон Пирс.
Сега Стојановиќ за првпат се огласи за настапот во Токио и истакна дека многу жали што немала прилика да се бори за медал во Токио.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Само јас знам како се чувстував кога сфатив дека нема да имам прилика да го играм својот најважен меч во кариерата – да се борам за олимписки медал. Исто така сфатив колку настапот на Ои ме исполни со најдлабоки емоции и ми донесе многу радост. Сакам да кажам пред се дека сум благодарна што бев помеѓу најдобрите спортисти во светот. Беше чест и привилегија да се игра заедно со најдобриот во историјата на нашиот спорт. Ви благодарам на сите за поддршката и љубовта која ми ја испраќавте во овој период. Годината продолжува, следуваат нови предизвици. Ја ценам секоја минута која ја поминав во Токио“, напиша на друштвените мрежи 25-годишната Нина Стојановиќ.