Дома Фудбал Италија За нивната чесност зборува цела Италија: Победија неважен меч и свесно загубија 15 милиони!

За нивната чесност зборува цела Италија: Победија неважен меч и свесно загубија 15 милиони!

Кротоне го слави сензационалниот опстанок во Серија А, Емполи тагува, а сите честитики одат на сметка на Несторовски и дружината од Палермо.

Сицилијанците ја сочуваа честа и образот, и ги замолчија сите теоритичари на завера кои пред последното коло тврдеа дека Палермо ќе му „пушти“ на Емполи за да испадне Кротоне од лигата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тоа се тврдеше не поради некој посебен ривалитет помеѓу овие два клуба туку поради голема сума на пари. Имено, на Палермо многу повеќе му одговараше да испадне Кротоне наместо Емполи.

Палермо и Пескара веќе одамна беа преселени во Серија Б, а многу важно прашање беше кој ќе биде третиот тим кој ќе оди во понизок ранг. Тоа е важно бидејќи тимовите кои испаѓаат од лигата делат сума од 60 милиони евра, но на основа на нивниот рејтинг, бројот на сезони во Серија А, популарност, ТВ права…

Сицилијанците одиграа поштено и на тој начин загубија цели 15 милиони евра. Имено според новата распределба Палермо ќе земе 25 милиони, исто толку и Емполи бидејќи има поголем рејтинг од Кротоне и повеќе сезони е во Серија А, а Пескара ќе добие само 10 милиони евра.

Доколку Кротоне испаднеше од лигата Палермо ќе инкасираше 40 милиони евра, а Пескара и Кротоне по 10, но Несторовски и компанија одиграа чесно до самиот крај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Верeницата на Конор Мегрегор го подржа Ирецот и ја нападна жената која го обвинува

Вереницата на Конор Мекгрегор, Деј Девлин ја нападна „жртвата“ во граѓанскиот случај за си…