Дома Топ вести За Мурињо трансфер периодот допрва почнува: Жешок план за доведување на четири ГОЛЕМИ ѕвезди

За Мурињо трансфер периодот допрва почнува: Жешок план за доведување на четири ГОЛЕМИ ѕвезди

Португалскиот тренер, Жозе Мурињо ова лето би можел да ги израдува навивачите на Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ во досегашниот дел од трансфер периодот ги ангажираа Бразилецот Фред за околу 60 милиони евра Деого Далот од Порто за 22 и Ли Грант од Стоук Сити за 1,7 милиони, но изгледа дека за нив трансфер периодот само што започна.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесуваат странските медиуми, Мурињо има четири желби – Роберт Левандовски, Тиего Алкантара, Тоби Алдервилд и Леонардо Бонучи.

Како што пренесува „Тhe Sun“, Јунајтед сега прво ќе сака да го доведе дуото на Баерн – Левандовски и Алкантара. Со нив двајца би требало да се решат проблемите во средниот ред и нападот, а Баерн наводно е подготвен да ги пушти за соодветна цена, иако „случајот Левандовски“ сигурно ќе биде покомплициран отколку што изгледа.

Од другата страна, Жозе го сака и Белгијанецот Алдервилд кој одигра одличен Мундијал, како и Бонучи кој наводно побарал трансфер од Милан. Во случајот со Италијанецот ќе мораат да бидат многу брзи, бидејќи за него се заинтересирани и клубовите како ПСЖ, Челзи и Манчестер Сити.

Доколку пристигнат барем двајца од овие четири желби, навивачите сигурно би биле пресреќни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…