Македонија за финалето со Грузија можно е да има засилување во нападот – Даниел Мусовски кој игра во американската МЛС за тимот на Лос Анџелес!
Доколку административно се помине во најдобар ред и навреме во однос на неговиот македонски пасош (неговите родители имаат македонски пасош), тогаш Дани Мусовски би бил во конкуренција за настап на ноемвриските натпревари на македонската репрезентација.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
– Навистина ми е драго што Дени прифати да игра за Македонија, имавме искрен разговор и го очекуваме во нашиот тим на следните предизвици во ноември. Ќе ја зголемиме конкуренцијата во офанзивниот дел од тимот и мислам дека ќе биде од корист за сите. Неговиот ефект во Лос Анџелес е одличен. Наша обврска е да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот со фудбалери кои ќе донесат квалитет и ќе придонесуваат за подобри резултати. Се надевам дека Мусовски ќе го донесе токму тоа во нашата селекција“, изјави Ангеловски.