Дома Топ вести За Меси голот против Гетафе не е најдобар, туку оној кога го издрибла половина тим на Реал (ВИДЕО)

За Меси голот против Гетафе не е најдобар, туку оној кога го издрибла половина тим на Реал (ВИДЕО)

Барселона пред неколку дена објави дека од страна на навивачите голот на Лионел Меси против Гетафе во 2007 година е избран за најдобар гол во историјата на овој клуб.

Навивачите на Барселона имаа прилика да гласаат за најдобриот гол во историјата на каталонскиот клуб, а на крајот победник беше Меси. Станува збор за голот против Гетафе кога Меси го издрибла скоро целиот тим и ја погоди мрежата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Меѓутоа во разговор за аргентинските медиуми Меси порача дека за него тоа не е најдобриот гол кој го постигнал во дресот на Барселона. Аргентинецот не може да ги заборави головите против Реал Мадрид, а еден посебно се издвојува.

„Јас не би го избрал голот против Гетафе. За мене друг гол е најдобар, оној против Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите во 2011 година. Игравме на „Бернабеу“ и ја постигнав два гола, а оној кога поминав неколку играчи на Реал за мене е најдобар. Исто така би го издвоил и голот против Манчестер Јунајтед во финалето од Лигата на шампионите“, изјави Меси.

Инаку, Меси зборуваше и за ситуацијата во Аргентина.

„Ја напуштив репрезентацијата и едноставно не зборував со никого од Сјузот. Подоцна ми се јави Лионел Скалони и ми рече да се одморам некое време и дека тој посакува повторно да се вратам за да започнеме нова фаза“, откри Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алфонсо Дејвис доаѓа во Мадрид како Мбапе

Реал Мадрид постигнал договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат…