Дома Фудбал Останато Гвардиола станува МИЛИЈАРДОЛА: За кого Пеп ќе ја надмине милијардата?

Гвардиола станува МИЛИЈАРДОЛА: За кого Пеп ќе ја надмине милијардата?

Многумина го сметаат како визионер тренер, еден од најсериозните, ако не и најсериозниот на денешницата. Меѓутоа, ниту Пеп Гвардиола не е имун на омилен спорт на многу менаџери – френетично трошење на клупските пари на засилувања.

Така менаџерот на Манчестер Сити во овој трансфер период потроши 240 милиони евра. Интересното е тоа што половина од тие пари ги потроши на одбранбени играчи, дури 138 милиони. Всушност, само последното купување на Бенџамин Менди изнесуваше половина од таа сума – 57 милиони евра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Инаку, од 2008. година кога го превзеде тимот на Барселона, вкупно на засилувања во Барселона, Баерн и Манчестер Сити потроши 998.400.000 евра. Како што тргна во овој трансфер период, Гвардиола е многу блиску да ја сруши границата од милијарда потрошени евра на трансфери, а во тој клуб веќе се Жозе Мурињо и Карло Анчелоти.

Поточно, му недостасува уште само еден трансфер за такво нешто. А кандидати има, од Алексис Санчез до Килијан Мбапе, а можеби тоа и повторно да биде некој играч од одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Случајност или не? Десет фудбалери на Арсенал се повлекоа од репрезентациите!

Шпанскиот играч Мартин Зубименди стана десеттиот фудбалер на Арсенал кој се повлече од сво…