Дома Фудбал Останато За враќање во третата лига газдата почести – нов стадион!

За враќање во третата лига газдата почести – нов стадион!

Сопственикот на познатиот клуб од Источна Германија, Ролан Душател одлучи да го отвори кесето…

По пет сезони поминати во четвртата лига, славниот клуб Јена избори враќање во третото ниво на натпреварување. Јена во баражот, во двомечот, беше подобра од Викторија од Келн (3:2, 0:1) благодарение на поголемиот број на голови во гости, а наградата за тој успех пристигна два дена подоцна – нов стадион!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Објектот кој ќе биде изграден за кратко време ќе биде подготвен за сезоната 2018/19, ќе има капацитет од 15,000 места и неколку помошни тренери. Целиот проект ќе чини 52 милиони евра, а ќе го финансира белгискиот бизнисмен Ролан Душател.

„Ова е голем ден за фудбалот во Јена. По пласманот во повисок ранг, добиваме нов, модерен објект“, изјави директорот Крис Форстер.

Душател е сопственик на уште четири други фудбалски клубови – Алкоркон, Ујпешт, Сент Труден и Чарлтон, и неговата конечна цел е Јена во блиска иднина да се бори за влегување во Бундеслигата, каде што никогаш не играла. Од обединувањето на Германија, Јена најмногу има стигнато до Втората лига (Цвајта)

Потсетуваме, Јена најголемиот успех го забележа во 1981. година, кога играше во финалето од Купот на Уефа.

Погледнете како пред неколку дена во Јена го славеа влезот во третата лига:

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…