Фудбалерите на Динамо Загреб изминатата вечер славеа победа од 0:2 против тимот на Салзбург, а херој беше македонскиот интернационалец Стефан Ристовски кој запиша две асистенции.
По овој триумф на Динамо се дојде и до една интересна ситуација на табелата. Имено, Динамо во првото коло од новата сезона во елитното натпреварување беше декласиран со 9:2 од Баерн Минхен, но сега по три кола тие се пред Баерн.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, Баерн во три кола ја има само победата со хрватскиот гигант, додека Динамо освои бод и против Монако, па има четири бода, бод повеќе баварците.
На табелата во Лигата на шампионите сега Динамо е 22-ри, Баерн едно место подоле.
ТАБЕЛА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ