Фудбалерот на Челзи, Нголо Канте ја доби наградата од Асоцијацијата на професионални фудбалери за најдобар играч на сезоната во Премиерлигата, а Деле Али го доби признанието за најдобар млад фудбалер.
Иако оваа награда ретко оди во рацете на дефанзивец или деструктивен фудбалер за врска, сепак мора да се заклучи дека Канте сосема заслужено го одбива ова признание.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Многу ми значи тоа што сум избран од фудбалерите да бидам најдобар играч на сезоната. Имав две прекрасни сезони, едната со Лестер другата со Челзи, наградата ми значи се, голема чест е да се биде фудбалер на сезоната“, изјави Канте.
Второто место според гласовите му припадна на Еден Азар, додека Златан Ибрахимовиќ беше на третото место. За најдобар млад фудбалер беше избран Деле Али од Тотенхем.