Maкедонската ракометна репрезентација вчера оствари голем успех и повторно се пласираше на едно Светско првенство. Успехот е посебен затоа што успеавме да се вратиме од седум негатива кои ги имавме по гостувањето во Торшван.
Ракометарите пред преполната сала „Борис Трајковски“ прикажаа голема желба за успех, се бореа за секоја топка до последните сили и на крајот заслуженно се радуваа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Секако, по една таква голема победа следуваше и големо славје, а од фотографиите објавени од Ракометната федерација Македонија може да се забележи дека се славело и со пиво кое нормално е заслужено по една таква голема борба на теренот.
Уште еднаш, честитки момци!