Неверојатна вест ни пристигнувао д Италија. Според тврдењата на „Кориере дело Спорт“ Кристиано Роналдо одиграл улога на „крт“ во Јувентус за да стигне до неговата цел.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, вчера во шпанските медиуми се појави информација дека Паоло Дибала повторно е позитивен на коронавирусот. Таа информација во јавноста ја пласираше телевизијата „Ел Чирингуито“, а потоа започнаа да ја пренесуваат и сите останати.
„Кориере дело Спорт“ денес пишува дека Кристиано Роналдо бил тој кој на медиумите во Шпанија им испратил информација за ситуацијата на Дибала со цел дополнително да го одложи своето враќање во Торино.
Португалскиот ас веќе со недели престојува во родната Мадеира заедно со цоето семејство. На друштвените мрежи редовно објавува снимки од интезивните тренинзи и дружењето со најблиските, очигледно му годи непланираниот одмор.
Инаку, девојката на Дибала, Оријана Сабатини во текот на денешниот ден тврдеше дека нејзиниот дечко се уште не се тестирал.
„Паоло се уште не е тестиран. Мора да направи тестирање, па ќе видиме. Не знам од каде ви е таа информација? На сите ви соопштивме кога бевме позитивни и на сите ќе ви соопштиме и кога тестот ќе биде негативен. Мојот тест е негативен, ќе почекаме да видиме каков ќе биде на Паоло“.