Дома Останати Тенис Започнува расплетот на завршниот Мастерс, еве што му треба на Ѓоковиќ за да ја помине групата

Започнува расплетот на завршниот Мастерс, еве што му треба на Ѓоковиќ за да ја помине групата

Во Торино се игра завршниот АТП Мастерс, а на најдобрите тенисери им се заканува елиминација во групната фаза.

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, двојката која ги освои сите Грен слемови сезонава, по две кола од групната фаза имаат скор 1-1.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ загуби од Јаник Синер, а Алкараз загуби од Александар Зверев.

Денеска во 14 часот и 30 минути Ѓоковиќ игра против Хуберт Хуркач, Полјакот кој влезе по повредениот Стефанос Циципас.

Постојат три сценарија според кои Ѓоковиќ може да се пласира во полуфиналето: ако Синер го победи Холгер Руне, ако Ѓоковиќ ги победи Хуркач и Руне со истиот резултат на Синер со 2:0, или ако Ѓоковиќ ги победи Хуркач и Руне со 2:1 Синер со 2:0, а Ѓоковиќ го нема најлошиот процент на победа од тројцата со ист сооднос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Новак не е недопирлив: Синер продолжува да доминира на мастерсите и го урна рекордот на Ѓоковиќ

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во осминафинале на турнирот во Мајами, отка…