Дома Топ вести ЗАПОЧНУВАМЕ! Трансфери во живо: Ден за Кулушевски и Ибрахимовиќ!

ЗАПОЧНУВАМЕ! Трансфери во живо: Ден за Кулушевски и Ибрахимовиќ!

Се отвори зимскиот преоден рок, започуваме и ние!

Од вчера отворен е зимскиот преоден рок, а ние од денес ја стартуваме рубриката која „Трансфер во живо“ преку која во секој преоден рок навремено ве известуваме за се што се случува на трансфер пазарот – следете не и бидете во тек!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес веста на денот е трансферот на Дејан Кулушевски во Јувентус. Несудениот македонски репрезентативец ќе потпише договор со Јувентус до 2024 и ќе остане на позајмица во Парма до крајот на сезоната.

Јирген Клоп најави мирен преоден рок – Ливерпул изгледа нема да доведе друг играч после Минамино.

Интересна вест објави шпански „АС“. Реал Мадрид сега е заинтересиран за 13 годишниот брат на Килијан Мбапе, Етан. Тука погледнете за каков играч станува збор.

На Островот се појави изненадувачка вест дека Тами Абрахам размислува да го напушти Челзи, а ситуацијата ја следи Манчестер Сити.

Додека се чека претставувањето на Ибрахимовиќ кое најверојатно ќе се случи во текот на денешниот ден или најдоцна утре Швеѓанецот се огласи со чудна објава на социјалните мрежи.

Барселона се поврзува со играчот на Лестер, Рикардо Переира.

Атлетико подолго време се поврзува со Едисон Кавани, а сега медиумите најавуваат дека ако не успеат да стигнат до потписот на Уругваецот ќе се насочат кон Пако Алкасер.

Навивачите на Милан се собираат и го чекаат Ибрахимовиќ.

Даниел Стариџ во текот на летото пристигна во Трабзон, а откако на последните шест натпревари постигна четири гол интерес за него покажаа Олимпик Марсеј и Астон Вила.

Дани Освалдо после три години се враќа на фудбалот – ќе игра за Банифилд!

Самуел Умтити објави слика од стадионот на Арсенал во текот на вчерашното дерби помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед. Умтити не е премногу во плановите на Валверде, се подготвува ли трансфер?

Позајмицата на Габигол со Фламенго заврши и сега повторно е играч на Интер. Нема да остане уште долго, Фламенго нути 16 милиони евра за 80% од неговиот договор. Интер се уште не одговорил. На Габигол Бразилците му нудат три милиони евра по сезона.

Како што јавува „Скај Спорт“. Ибрахимовиќ во овие моменти пристигнал на аеродромот во Линате.

Дани Олмо е се поблиску до Барселона, барем така тврдат дел од шпанските медиуми. Олмо неодамна потврди дека ќе го напушти Динамо Загреб со цел да има поголеми шанси за настап на Европското првенство во текот на летото.

Еве и видео – Ибра пристигна!

Наводно, Интер во јануари ќе се обиде за 20 милиони евра да стигне до потписот на Кристијан Ериксен. Договорот на Данецот со Тотенхем истекува на крајот од сезоната.

Напаѓачот на Матија Дестро најверојатно во следните 48 часа ќе му стане соиграч на Горан Пандев. Болоња и Џенова постигнале договор за позајмица до крајот на сезоната.

„Талкспорт“ најавува дека Пол Погба и во овој преоден рок ќе се обиде да издејствува трансфер. Засега нема информации кој клуб би бил фаворит ако заминува.

Ибрахимовиќ со првата изјава по пристигнувањето: Ова е мојот дом, среќен сум што се враќам! Порака за навивачите? Чекајте ме, „Сан Сиро“ ќе експлодира како некогаш!

Немања Матиќ се поврзува со заминување од Манчестер Јунајтед. Откако претходно најмногу се споменуваше Интер, денес турските медиуми објавија дека Галатасарај е заинтересирана за српскиот играч за врска.

Жоа Кансело кој во текот на летото како дел од трансферот на Данило во Јувентус потпиша за Манчестер Сити може да се врати во Шпанија каде што играше за Валенсија.

„Кога Жоао игра, игра добро. Но тој мора да одлучи дали сака да остане со нас“, изјави за Кансело Гвардиола пред неколку дена.

Челзи покажал интерес за играчот на ЦСКА, Фјодор Чалов.

Шалке веќе подолг период инсистира на доведување на Тодибо од Барселона. Денес „Билд“ пренесува дека семејството на фудбалерот сака повеќе тој да се пресели во Германија откаколку во Италија. Во Италија Тодибо се поврзуваше со Милан.

Новинарот Антонио Русо објави дека Арсенал се обидува да стапи во сериозен контакт со Томас Лемар од Атлетико Мадрид. Русо се повикува на негови извори од Шпанија.

Фабио Капело: Артуро Видал е играч со мирис за гол. Ако Интер му ја исполни желбата на Конте и го доведе тогаш ќе го освојат Скудетото.

Aртета потврди: Џака останува во Арсенал!

Олмо го најави трансферот во Барселона!

Кастиљехо во првиот дел од сезоната одигра само осум натпревари за Милан, за него се заинтересирани Еспањол и Атлетико Мадрид.

Во Интер изгледа се прилично активни или пак медиумите само шпекулираат. После веста за Ериксен сега пристигнува информација дека „нероаѕурите“ се интересираат и за Емерсон Палмери од Челзи за кого се спремни да понудат 30 милиони евра.

И повторно Интер! Сега во прашање е Видал. Наводно Чилеанецот постигнал договор и сега се чека да се договори цената помеѓу Интер и Барселона.

Арсенал денес потврди дека одлучил да го врати младиот Еди Нкита, кој беше на позајмица во Лидс.

На Островот се тврди: Јунајтед ќе понуди 100 милиони евра за Санчо!

Официјално: Матија Перин го напушти Јувентус и се врати во Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона доби силна конкуренција за потписот на Рабио

Барселона доби силна конкуренција за потписот на ѕвездата на Јувентус,  Адриен Рабио, прен…