Дома Фудбал Англија Сака ли Абрахам со трансфер да го шокира Стемфорд Бриџ?

Сака ли Абрахам со трансфер да го шокира Стемфорд Бриџ?

Младиот напаѓач Тами Абрахам (22) лесно може да го напушти Челси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 22-годишен играч не се согласува со условите на новиот договор и се повеќе се зголемуваат гласините дека ќе го напушти „Стамфoрд Бриџ“.

Развојот на ситуацијата ја следи Манчестер Сити. Граѓаните се подготвени да го искористат незадоволството на Абрахам и да го доведат во своите редови уште во летниот рок.

Сити ќе се обиде да ги заврши преговорите во следниот период и да го обезбеди потписот на одличниот напаѓач пред крајот на оваа сезона.

Абрахам бара плата од 180.000 фунти. Челси не е подготвен да го понуди тоа засега, но затоа Граѓаните се подготвени, па од следната сезона можеме да го гледаме овој играч во екипата на Пеп Гвардиола.

Оваа сезона Абрахам игра навистина одлично. Одигра 28 натпревари во сите натпреварувања и постигна 14 погодоци и пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА ја исполни желбата на Аргентина пред полуфиналето со Англија

ФИФА го прифати посебното барање на фудбалската репрезентација на Аргентина пред полуфинал…