Дома Топ вести Јунајтед го возвраќа ударот – ја купува ѕвездата на Дортмунд

Јунајтед го возвраќа ударот – ја купува ѕвездата на Дортмунд

Борусија Дортмуд победи во трката за потписот на младиот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд, кого го „украде“ пред носот на Манчестер Јунајтед.

Халанд ја воодушеви фудбалската јавност во дресот на Салзбург, а по фантастичниот прв дел од сезоната реши да ја промени средината и да потпише за Дортмунд.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак, неговото доаѓање веројатно значи дека еден од офанзивните играчи ќе го напушти клубот, а германските медиуми шпекулираат дека најверојатно тоа ќе биде Џејдон Санчо, кој има силна желба да се врати во Англија.

Најголем интерес за Санчо покажува Манчестер Јунајтед, кој е подготвен да го комплетира трансферот во јануари. Според угледниот „Олд Трафорд Билд“, тие се подготвени да понудат околу 100 милиони евра за овој 19-годишен фудбалер, сума која Дортмунд е спремен да ја прифати.

Ако германскиот клуб реши да го продаде Санчо, тогаш ќе заработи огромни пари. Имено, тие пред две години за неговиот потпис платија само осум милиони евра, што значи дека од неговата продажба треба да заработат над 90 милиони евра.

Санчо е решен да се врати во Премиер лигата што е можно поскоро и нема проблем тоа да биде Манчестер Јунајтед, иако како млад играше во дресот на градскиот ривал Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…