Дома Трансфер зона Барселона конечно ја пронајде замената за Дани Алвеш и тоа во Лестер

Барселона конечно ја пронајде замената за Дани Алвеш и тоа во Лестер

Барселона веќе неколку сезони има проблеми со десниот бек, откако Дани Алвеш го напушти клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алвеш по осум години реши да ја напушти Барселона, а наместо него заигра Серги Роберто. После тоа, клубот го донесе Нелсон Семедо, но не беа многу задоволни од играта на Португалецот.

Сега повторно се шпекулира дека Барселона сака да донесе нов десен бек на крајот на сезоната. Семедо би можел да го напушти тимот, а наместо тоа Барса сака да го донесе Рикардо Переира, кој во моментов игра за Лестер.

Переира игра одлично оваа сезона во дресот на Лестер и преку своите игри го привлече вниманието на многу екипи. Но, се чини дека Барса е најзаинтересирана, а Каталонците сакаат да го донесат Переира следното лето.

Наводно, Барса е подготвена да плати околу 45 милиони евра за Португалецот, кој го гледаат како замена за Алвеш. Сепак, останува да се види дали Лестер ќе се согласи на таквата понуда на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дани Себалјос веќе не е фудбалер на Реал Мадрид

Полуфудбалерот Дани Себалјос објави дека го напушта Реал Мадрид по седум сезони во шпански…