Младата ѕвезда на Динамо Загреб и шпански репрезентативец, Дани Олмо потврди дека има понуда од Барселона и дека е пред враќање на „Камп Ноу“.
Крилниот напаѓач на Динамо Загреб игра фантастично и веќе го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Олмо пристигна во Загреб од школата на Барселона во 2014 година како слободен играч, па сега Каталонците сакаат да ја поправат грешката.
„Мундо Депортиво“ пренесува дека спортскиот директор на Барселона веќе испратил понуда и преговорите се во напредна фаза, а тоа го потврди и самиот фудбалер.
„Се радувам дека Барселона испрати конкретна понуда и дека сака да ме врати. Поминав 6 години во Ла Масија, каде научив многу. Сакам да направам чекор напред, а Барселона секогаш е мојот прв избор“, изјави 21-годишниот Шпанец.
?| Dani Olmo: “It makes me happy that the rumors have become concrete and that Barça have made an offer. I spent six years at la Masia and they have taught me life-long values. Therefore I have a strong desire to go back one day.” [sport] pic.twitter.com/tH7C0XK18h
— Barça Watch (@BarcaWatch) January 2, 2020