Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал се наоѓа на излезни врати од Барселона откако го тужеше каталонскиот клуб.
Видал ја изненади јавноста кога потврди дека поднел тужба против Барселона поради неисплатен бонус од 2.4 милиони евра за минатата сезона, од Барселона му одговорија дека не ги добил парите затоа што не ги заслужил.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради сето тоа се зголемија гласините дека Видал ќе си замине во јануари. Во клубот тешко дека ќе му го простат бидејќи тој е првиот играч кој го тужел клубот, а е уште нивни играчи.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Видал е пред трансфер во Интер. Според, информациите Чилеанецот и италијанскиот клуб постигнале договор.
Барселона и Интер наводно преговараат за цена од околу 20 милиони евра, останува да видиме дали договор ќе биде постигнат.