Дома Фудбал Англија Клоп најави мирен зимски преоден рок за Ливерпул

Клоп најави мирен зимски преоден рок за Ливерпул

Ливерпул сигурно чекори до титулата во Премиер Лигата.

Вечерва ќе го пречекаат Шефилд Јунајтед и ќе се обидат да ја зголемат разликата на 13 бодови во однос на Лестер.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јирген Клоп најави дека нема да има многу измени оваа зима, односно неговиот тим нема да донесе засилување.

„Секогаш е непријатно во јануари. Веројатно нема да бидеме премногу зафатени во овој рок. Ќе видиме што ќе се случува, но веројатно нема да има нешто друго“, рече Клоп.

Истакна дека наскоро во тимот ќе се вратат неколку важни играчи, кои имаа проблеми со повредите и со тоа ќе ја засилат конкуренцијата.

Единствено зимско засилување, покрај Минамино, за Ливерпул може да биде Бразилецот Диего Карлос, кој оваа сезона игра во дресот на Севиља.

Карлос пристигна во Севиља на почетокот на сезоната од Нант за 15 милиони евра, а по шест месеци може да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…