Дома Топ вести ЗАПОЧНАВМЕ! ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО!

ЗАПОЧНАВМЕ! ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО!

Спортски.мк стартува со редовната летна рубрика – ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО!

Од денес, па се до затварањето на летниот преоден рок ќе ве известуваме за се што се случува на трансфер пазарот ширум Европа! Веста ќе биде абдејтирани со сите новости поврзани со трансферите во текот на целиот ден – БИДЕТЕ ВО ТЕК!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– ОФИЦИЈАЛНО: Реал Мадрид го промовираше бразислкиот талент Родриго кој пристигна во Мадрид за сума од 45 милиони евра.

– Утрово се појави вест дека Барселона и ПСЖ започнале сериозни преговори за Нејмар. Наводно Барселона е спремна да понуди 100 милиони евра, плус некој од Ракитиќ, Дембеле и Умтити (Повеќе тука).

– ОФИЦИЈАЛНО: Ибрахим Афелај кој пред неколку години важеше за голема надеж на Барселона сега се врати во холандски ПСВ.

– Се погласно се шпекулира за враќањето на Марио Балотели во Серија А, Балотели сака да ја врати формата и да се стави на располагање на Роберто Манчини во репрезентација. Балотели се поврзуваше со повеќе клубови од Италија, но најмногу шанси се дава на Парма. Проблем прави неговата плата од четири милиони евра.

– ПРЕГЛЕДИ: Раде Круниќ утрово пристигна на прегледи во Милано каде што ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише договор со Милан.

Леонардо се врати како спортски директор во Пари Сен Жермен, а тоа „Ле Парисиен“ тврди дека може да значи крај на авантурата за Тијаго Силва. Според информациите на овој медиум шансите за негово заминување се големи.

– Иако Лотар Матеус пред неколку дена изјави дека го гледа Хамес Родригез во Јувентус најмногу поради неговиот контакт со Роналдо денес „Скај Италија“ објави дека Колубмиецот е блиску до трансфер во Неапол. Наводно, се би можело да биде договорено до крајот на денот.

Пол Погба објави фотографија на својот Инстаграм профил со која ги подгреа шпекулациите дека може да се врати во Јувентус.

– Освен за Родригез имињата на Наполи и Јувентус се споменуваат и околу стоперот на Рома Костас Манолас. Аурелио Де Лаурентис е одлучен во намерата да го доведе грчкиот дефанзивец во Неапол.

– На Островот се пишува дека Реал Мадрид не се откажува од намерата да го доведе Погба и веќе испратиле понуда. (Повеќе тука)

ПРЕД РЕАЛИЗАЦИЈА: Сите поголеми спортски медиуми во Англија и Шпанија објавија дека Гвардиола во Манчестер Сити ќе го доведе Родри од Атлетико за сума од 70 милиони евра (Повеќе тука).

– Новиот сопственик на Фиорентина, Комисо нема добри вести за Јувентус кој е заинтересиран за еден од најголемите италијански таленти, Федерико Киеза.

„За мене Федерико е најдобриот. Нема да го продадам дури ни за 100 милиони евра. Немаме потреба од пари“, изјави претседателот на Фиорентина. Во неговиот договор нема откупна клаузула. Сакаме да го задржиме Киеза најмалку уште една сезона. Мојата желба е да остане уште долго, но ќе видиме што ќе донесе времето. Сепак, ова лето нема да го продаваме“,изјави првиот човек на Фиорентина.

– Челзи уште еднаш ја одбил Барселона за Вилијан. Освен Барселона која и минатото лето долг период се обидуваше да го доведе Вилијан, во изминатите денови во Челзи ја одбиле и понудата од Атлетико Мадрид. Според информациите двата клуба понудила 35 милиони евра (Повеќе тука)

– Oфицијално: Лусијан Фавр го продолжи договорот со Борусија Дортмунд на уште една година до 2021 година.

– СКОРО ДОГОВОРЕНО: Ако и веруваме на шпанската телевизија „Ел Чирингуито“ која често пати објавува ексклузиви Адриен Рабио е пред трансфер во Јувентус со кој ги договорил деталите! (Повеќе тука)

Раде Круниќ успешно ги помина медицинските прегледи и сега се очекува потпишувањето на договорот.

– „Дејли Стар“ објави дека Манчестер Јунајтед понудил 36 милиони фунти за услугите на Јури Тилеманс од Лестер.

Родриго истрча на теренот во дресот на Реал Мадрид..

– СКОРО ГОТОВО: Сите поголеми шпански медиуми објавија дека Барселона и Валенсија се договориле за размена на голманите Нето и Јаспер Силенсен. (Повеќе тука)

„ЕСПН“ тврди дека Баерн Минхен немал никаков контакт со агентот на Герет Бејл.

Ромелу Лукаку го известил Манчестер Јунајтед дека сака да го напушти клубот („Газета дело Спорт).

Антонио Конте посакал управата на Интер да му го доведе Валентино Лозано од Херта и се шпекулира дека „нероаѕурите“ се спремни да испатат понуда од 25 милиони евра.

– Реномираниот „Л’Eкип“ тврди дека Ливерпул е блиску до договор со Лил за трансфер на Николас Пепе. Зделката би можела да изнесува 70 милиони фунти. (Повеќе тука)

– Нови вести за Џејмс Родригез. Голем број медиуми започнаа да објавуваат дека е договорена e негова позајмица во редовите на Наполи. Чекаме потврда од некоја од страните. (Повеќе тука)

Набил Фекир е еден од најбарните играчи на трансфер пазарот, а претседателот на Лион потврди дека ќе го напушти клубот.

„Фекир сака да замине и ние сме отворени за преговори. Чекаме понуди, но засега немаме добиено ниту една“, изјави првиот човек на францускиот гигант.

– Изгледа дека навистина Бејл има намера да остане во Мадрид и да си добива милиони без да игра, тоа е го потврди агентот на фудбалерот во последната изјава:

„„Невозможно е Бејл да си замине од Реал. Јас не мислем дека Бејл сака да оди некаде на позајмица. Тој има прекрасен живот и дом во Шпанија. Мислам дека ќе го чини многу да замине, а за позајмица воопшто не размислува“, изјави Џонатан Барнет.

Хуан Мата на големо изненадување изгледа донел одлука да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до 2022 година.

„Тутоспорт“ пишувадека во Јувентус се свесни дека тешко ќе дојдат до Матијас Де Лихт и нови мети на италијанскиот шампион наводно се Кулибали и Маркињос.

– ОФИЦИЈАЛНО: Максим Гоналон после истекот на позајмицата во Севиља се враќа во Рома со која има договор до 2021 година.

– Англсиките медиуми пренесуваат дека Маркус Рашфорд наскоро ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед. Според информациите напаѓачот има разумни барања за разлика од Пол Погба, меѓутоа суми засега не се откриваат. (Повеќе тука)

Артуро Видал сака Нејмар да се врати во Барселона. (Повеќе тука)

– Реномираниот Џанлука Ди Марцио пренесува дека нашиот капитен Горан Пандев и Џенова се блиску до продолжување на соработката на уште една година (Повеќе тука)

„Тутоспорт“ и „Спорт Италија“ пренесуваат дека Даглас Коста би можел да заврши во Пари Сен Жермен.

– Барселона е пред ангажман на јапонскиот дефанзивец Даизен Маеда (Повеќе тука).

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…