Во Шпанија се сигурни, по Арон Ремзи Јувентус договори уште едно засилување без надомест.
Како што јавува „Ел Чирингито“, популарниот телевизиски програм, Адриен Рабио ќе се пресели во Торино. Тој наводно се согласил на седум милион евра по сезона, а главната улога ја одигра Буфон. Тој го убедил Јуве дека е најдобриот клуб за продолжување на кариерата и дека ќе напредува во Торино. Рабио имал понуда и од Јунајтед, но беше на одмор во Италија и даде до знаење дека би сакал да заигра за Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сари барал да го доведат, се вклопува во неговиот стил на игра, а треба да се каже дека Французинот одби да го продолжи договорот со ПСЖ. Тој беше и казнет поради наводен непрофесионализам кога му починал татко му, но ги доби Парижаните на суд и тие ќе мора да му ги вратат одземените плати. Рабио треба да биде претставен на почетокот на јули, а наводно, неговата мајка кој е негов агент ќе добие провизија од 10 милиони.
Јувентус инаку бара и десен бек, бидејќи си заминува Кансело, а ќе има преговори околу Киезе кој е тешка цел, но и евентуално пристигнување на Икарди во клубот, во случај да си замине Игуаин. Сигурно е дека Манџукиќ, Кедира, Квадрадо, Кансело, можеби и Матуиди да го напуштат клубот, а неизвесна е и судбината на Даглас Коста.