Манчестер Сити го договори првото засилување за следната сезона, а станува збор за играчот за врска на Атлетико Мадрид, Родри.
Шпанскиот репрезентативец беше голема желба на тренерот Гвардиола, кој во него гледа идеален наследник на Фернандињо на средината на теренот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој 22-годишен фудбалер со одличните натпревари во дресот на Атлетико Мадрид го привлече вниманието на многу европски гиганти, но „граѓаните“ успеаа да ја победат конкуренцијата.
Преговорите помеѓу Сити и неговите агенти се одвиваа веќе неколку недели, а сега конечно двете страни постигнале комплетен договор.
Родри во договорот со Атлетико има откупна клаузула од 70 милиони евра, а Сити веќе ги известил „јорганџиите“ дека ќе ја активира откупната клаузула.
BREAKING: Manchester City have just told Atlético Madrid they’re going to pay the €70m release clause for Rodri. Personal terms are now being discussed. (Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/XZNZvCwLZl
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 18, 2019