Дома Трансфер зона „ЕСПН“: Џејмс Родригез има нов клуб!

„ЕСПН“: Џејмс Родригез има нов клуб!

Според последните информации Хамес Родригез наредната сезона ќе го гледаме во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Колумбискиот репрезентативец во изминатите две сезони беше позајмен на Баерн, но после завршувањето на оваа сезона германскиот клуб потврди дека нема да го откупи неговиот договор од Реал Мадрид.

Родригез е вишок и во Мадрид, па поради неколку клубови покажаа интерес да го доведат и сега како што објави реномираниот „ЕСПН“ го имаме победникот.

Јувентус и Наполи во последно време најмногу се споменуваа, меѓутоа сега се објавува дека трката ја добил клубот од Неапол.

Наполитанците ќе го доведат за 10 милиони евра на позајмица со право на откуп за сума помеѓу 30 и 40 милиони eвра.

Џејмс во овој момент е со Колумбија на Копа Америка, а во Италија ќе пристигне како освојувач на Купот. За Баерн одигра 43 натпревари и постигна 15 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…